Претходна статија
АД „Карпош“ со добивка од 17,3 милиони денари во првото полугодие
Следна статија
ФОТО ВЕСТ: Се изведува инфраструктурата за новиот Луна парк во Скопје

Парк на бранителите ќе се гради пред Градскиот базен во Куманово

Објавено на 11.08.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Куманово ќе добие парк со спомен обележја за бранителите што ги дале своите животи за градот и Македонија. Општина Куманово наредната недела ќе ја започне реализацијата на паркот, кој е планирано да се наоѓа помеѓу новиот затворен базен и градската сала. Целиот простор е предвидено хортикултурно да се уреди, а во иднина на оваа локација ќе се најдат неколку спомен обележја на македонските бранители. Со проектот ќе се доврши уредувањето на околниот простор околу градскиот базен, кој минатата година беше пуштен во употреба.

 


*Просторот околу градскиот базен во Куманово ќе биде соодветно уреден

 

Локалните власти информираат дека Паркот на бранителите ќе се реализира во соработка со неколку невладини организации. На оваа локација ќе бидат поставени спомен обележја на осумте припадници на безбедносните сили кои што загинаа во мај 2015 година во кумановското Диво Насеље.