Се подготвуваат измени во Законот за градежно земјиште. Помеѓу новостите предвидени во владиниот предлог – закон, кој денеска беше на прво читање во Собранието, е бришење на мерката за раскинување на договорот со инвеститорите кои купиле градежно земјиште од државата и притоа се обврзале на рокови за прибавување градежни дозволи и за изградба на објектите, а истите не ги испочитувале. Во ваков случај, наместо раскин на договорот и одземање на земјиштето како што беше предвидено досега, инвеститорите би биле соочени единствено со парични казни. Глобата би била во висина од 1,5% од постигнатата цена на јавното надавање, за секој месец од првата година на пробивањето на роковите, 3% во втората и 4.5% во третата година и секоја наредна година.