Претходна статија
Македонскиот меѓународен сообраќај - авион, автобус и возот на крај
Следна статија
Собрани доволно потписи за референдум за рудникот во Казандол

Пад на профитот на „Бетон Штип“

Објавено на 02.06.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Значително намалување на добивката на градежната фирма „Бетон“ од Штип во првите три месеци од 2017 година. Вкупната добивка во првиот квартал изнесувала 4.035.000 денари (66 илјади евра) и истата е намалена за 80% во споредба со истиот период од 2016 година. Огромното намалување на профитот се одвива паралелно со опаѓање на оперативните приходи на компанијата, кои на почетокот од 2017 година изнесувале 128.432.000 денари (2,1 милиони евра).

 

 

Главна причина за ваквиот пад се намалените приходи од продажбата на домашниот пазар. Оперативните расходи на „Бетон“ од Штип во периодот јануари-март 2017 година изнесувале 112.288.000 денари. Нестабилноста во билансот на успех на компанијата се должи делумно на минатогодишниот експлозивен раст на добивката во првите шест месеци од 2016 година.