Градежната компанија „Гранит“ од Скопје бележи намалени вкупни приходи и расходи од работењето во првите шест месеци од 2015 година. Oстварените единечни вкупни приходи во периодот јануари – јуни 2015 година изнесуваат 1.548.495.000 денари (25,2 милиони евра) и во споредба со истиот период од 2014 година се намалиле за 6%. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество има реализацијата од основната дејност со 62%. Остварените консолидирани вкупни приходи во 2015 година се 2.296.963.000 денари (37,3 милиони евра) и во однос на лани истите бележат пад од 2%.
Во делот на вкупните расходи, пресметките велат дека „Гранит“ во периодот јануари – јуни 2015 година потрошил 1.470.205.000 денари (23,9 милиони евра), односно за 7% помалку во споредба со истиот период од минатата година. Kонсолидираниte вкупни расходи се во износ од 2.079.555.000 денари (33,8 милиони евра) и во споредба со истиот период од 2014 година бележат намалување за 3%. Инвестициите во основни средства во првото полугодие од годинава изнесуваат 246.198.000 денари (4 милиони евра).