Претходна статија
Започна реконструкцијата на улица „Антон Попов“ во Кисела Вода
Следна статија
„Карпош АД“ ќе го надградува булеварот „Босна и Херцеговина“

Отворени објекти за фитосанитарна и ветеринарна инспекција на ГП Блаце

Објавено на 25.09.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Премиерот Зоран Заев и амбасадорот на ЕУ во Македонија Самуел Жбогар денеска официјално ги отворија објектите за фитосанитарна и ветеринарна контрола на граничниот премин Блаце. Изградбата на овие објекти е финансирана и спроведена преку ИПА 2 Програмата за 2015 година на Европската Унија. Проектот е во вредност од околу 790.000 евра. Премиерот Зоран Заев се заблагодари на Европската Унија за реализираниот проект, потенцирајќи дека современите услови за работа и најмодерната технолошка опрема ќе овозможат навремено и квалитетно спроведување на контролите на пратки.

 

*Извор на фотографија: Влада на Р.М.

 

Граничните инспекциски згради ќе овозможат исполнување на највисоките стандарди во областа на трговијата и безбедноста на храната и здравјето на растенијата. Амбасадорот на ЕУ во Македонија Самуел Жбогар истакна дека изградбата на овие објекти на главниот граничен премин меѓу Македонија и Косово претставува приоритет за обезбедување на безбедност на храната за граѓаните.