Низ целата земја досега се отворени 21 приватен дом за стари лица со капацитет од 650 легла со финансиска помош од државата. Во скопската населба Припор денеска беше отворена една од овие приватни институции, која ќе згрижи 35 стари лица. Станува збор за пензионерскиот дом „Лабос“, кој е втора по ред инвестиција на компанијата. Во проектот се вложени 400.000 евра, а во објектот работат 20 лица.
Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов информираше дека шест нови старечки домови во приватна сопственост ќе бидат отворени во наредниот период. Со отворањето на овие објекти ќе се отворат нови работни места и ќе се намалат трошоците за сместување на постари лица.
Со воведените мерки од македонската влада се овозможија поевтини цени за изградено земјиште за пензионерски домови, намалени комуналии, користење на поволни мерки за вработување и грант за отворање на пензионерски домови во висина од 12.500 евра.