Претходна статија
„Го сакам ГТЦ“ ќе организира пречек на Нова година на 28 декември
Следна статија
Влегува ли „Скопје 2014“ и во комплексот факултети на УКИМ?

Отворена зоолошката градина во Штип

Објавено на 04.12.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

По Скопје и Битола, Штип е првата општина од источниот дел на Македонија што доби зоолошка градинка. Општина Штип, во соработка со јавното претпријатие „Исар“, денеска го отворија ЗОО паркот „Бриони“ во рамките на постоечкиот парк во градот. На површина од 5.000 метри квадратни, поставени се десетици боксови, во кои се сместени диви кози, пони коњчиња, дива свиња, срна, пауни, гуски и неколку други видови на птици. Во натамошниот период е предвидено да се реализира втората фаза од овој проект, со која зоолошката градина ќе добие нови животни, меѓу кои и мајмуни. Поставувањето на боксовите за животни и изведувањето на градежните работи се одвиваа во изминативе три месеци.

 

Извор: Општина ШтипИзвор: Општина ШтипИзвор: Општина Штип

Извор: Општина ШтипИзвор: Општина ШтипИзвор: Општина Штип