Претходна статија
Наскоро ќе започне возобновувањето на киното на браќата Манаки
Следна статија
Распишани двата тендера за реконструкција на 16 училишта

Отворена за сообраќај проширената делница на булеварот Борис Трајковски до „Стакларница“

Објавено на 01.05.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Премиерот Никола Груевски и градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, денеска официјално ја отворија за сообраќај проширената и реконструирана делница на булеварот Борис Трајковски (поранешната улица Првомајска) на потегот од крстосницата со булеварот Србија до влезот во поранешната фабрика „Стакларница“, во должина од 1.126 метри. Со зафатот сообраќајницата наместо досегашните две доби вкупно четири коловозни ленти широки по 3,5 метри, асфалтирани со полимеризиран асфалт-бетон на површина од околу 16.000 метри квадратни. Од едната страна на коловозот е изведен тротоар со ширина од 2 метри, а од другата тротоар со велосипедска патека со вкупна ширина од 4 метри.

 

Проширувањето беше искористено за да се постави атмосферска канализација по целата должина на делницата, со променлив профил од Ф 500 до Ф 800 милиметри, а исто така беше реконструиран и проширен постојниот армирано бетонски мост над Усјанскиот канал. Од двете страни на коловозот се поставени 64 столбови за улично осветлување.

 

извор: Град Скопјеизвор: Град Скопјеизвор: Град Скопјеизвор: Град Скопје

 

 

Градежните активности започнаа во март минатата година, при што се работеше и на сегментот помеѓу „Рампа“ и крстосницата со улицата Народни херои во должина од 1.380 метри. Првично беше најавено дека целиот зафат ќе биде завршен за 9 месеци. Проектот го реализираа градежните компании „Алпине Бау“ и „Жикол“ и во него Градот Скопје вложи околу 4 милиони евра, пари обезбедени од градскиот буџет и од кредит преку Европската банка за обнова и развој.

 

 

» Форумска дискусија за булеварот Борис Трајковски (Првомајска)