Претходна статија
Новите пет споменици во центарот на Скопје ќе чинат 67 милиони денари
Следна статија
Македонските градежници ќе ги учат вештините за градење на енергетски ефикасни објекти

Отворена „Скопска недела на архитектурата 2012“

Објавено на 08.10.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Денеска започна интернационалниот фестивал „Скопска недела на Архитектурата 2012“. Манифестацијата ќе трае до крајот на неделава, а овогодишен домаќин е Макеоднската Опера и Балет. Богатата програма која има свој формален и неформален дел опфаќа низа предавања, дебати, работилници, инсталации, филмска програма и други активности. Според организаторите со овој тип на настани се зацврстува ставот односно аспирацијата да се продолжи во духот на современата и се задржи генералниот критериум околу местото на Скопје во очите на светот. Целната група традиционално не е ограничена само на архитектонската фела, туку ги опфаќа сите граѓани.

 

Формалниот дел на „Скопска недела на Архитектурата 2012“ започнува во четврток, а во сабота ќе биде доделена Наградата за извонредно делување во архитектурата, чив лауреат годинава е познатиот јапонски архитект Кенго Кума, кој воедно ќе одржи и предавање. Билети за манифестацијата може да се купат во музичката продавница „Пола Југотон“ (ГТЦ 1-кат) и онлајн преку сајтот „Купи карти за се“.

 

 

Програма: