Претходна статија
Критична маса в среда ќе вози за подобрување на безбедноста во сообраќајот
Следна статија
Привршуваат градежните работи на новата градинка „Кочо Рацин“

Отворена приватната градинка „Пиколини“ во Карпош 4

Објавено на 28.09.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Општина Карпош доби нова приватна градинка, лоцирана во дел од објектот на Основното училиште „Петар Поп Арсов“ во населбата Карпош 4. Градинката „Пиколини“ се простира на површина од 700 метри квадратни, со целосно реконструирани простории во кои ќе се изведува настава преку одобрена и специјализирана Кембриџ програма. Плафонот е обложен со Кнауф Клинео, материјал кој ги апсорбира штетните материи од воздухот. Објектот има дворно место од 3.000 метри квадратни, со нов спортски терен, амфитеатар и песочник. Сегашното фасадно обликување, ентериерот во влезниот хол и партерното уредување на дворната површина е изработено од архитектонското студио „Мобиусдизајн“.