Претходна статија
Започна Саемот за градежништво и Саемот за недвижности 2016
Следна статија
Градете и реновирајте полесно

Отворена приватната болница „Филип Втори“

Објавено на 01.03.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

40 милиони евра се инвестираа во новата приватна болница „Филип Втори“ во скопската населба Карпош 3. По две и пол години минати во реализација на градежните работи, специјалната болница за хируршки болести денеска беше пуштена во употреба. Објектот е граден според најновите светски стандарди за изведба на еко – болница и располага со 12 амбуланти, 5 модуларни операциони сали и 128 болнички кревети. Во болницата е вградена најсовремена медицинска опрема, со апарати кои припаѓаат на smart технологијата. Приватната здравствена установа располага и со итна служба со возило за итна помош.

 

Специјална болница „Филип Втори“Специјална болница „Филип Втори“Специјална болница „Филип Втори“

 

 

Болницата е изградена на парцела од 8.400 метри квадратни и има вкупна корисна површина од 17.000 метри квадратни, распоредени на приземје, нулти кат, три ката и посебен кат наменет за машинство. Околината е хортикултурно уредена, а засадени се и 20-тина палми. Градежните работи ги изведуваше фирмата „Модинг“ од Тетово, додека надзорот над работите го вршеше Градежниот институт „Македонија“.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект