Новата приватна болница Неуромедика вчера вечер беше свечено пуштена во употреба. Објектот со површина од 3.500 метри квадратни е лоциран на улицата „Јордан Мијалков“ во центарот на Скопје и има осум нивоа, вклучувајќи 23 специјалистички ординации, болнички апартмани, две хируршки сали, ургентен центар, дијагностички центар, седум специјализирани центри и биохемиска лабораторија. Во новата болница се инвестирани 8.000.000 евра, од кои 3.000.000 евра се вложени во медицинска опрема, а остатокот во градежни работи.
* Извор на фотографија: Неуромедика
Во проектот се вложени финансиски средства од самата компанија Неуромедика и од нејзиниот директор Емил Угриновски. Изградбата на новиот здравствен објект започна кон средината на февруари 2015 година.