Претходна статија
Втор тендер и седум години ветување за изградба на нов Драмски театар
Следна статија
МОК трага по архитектонски труд за „олимписка куќа“ во Скопје

Отворена новата фабрика на американски „Гентерм“ во Прилеп

Објавено на 21.07.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Во ТИРЗ „Прилеп“ денеска беше отворена новата фабрика за автоделови на американската компанија „Гентерм“. Во индустрискиот погон се инвестирани 20 милиони евра и во него моментално работат 450 лица. На свеченото пуштање во употреба на објектот присуствуваше македонскиот премиер Емил Димитриев и американскиот амбасадор во земјава Џес Бејли. Фабриката ќе произведува делови за потребите на автомобилската индустрија на европскиот пазар. Најавите се дека во производствениот капацитет во наредниот период ќе се вработат 2.000 лица.

 

* Извор на фотографија: Влада на Р.М.

 

 

„Ова е првата фабрика во зоната во Прилеп, а уверен сум дека со нејзиното отворање почнува нова позитивна ера во која оваа зона ќе биде дом на многу идни фабрики“ истакна премиерот Димитриев. Покрај оваа фабрика, во ТИРЗ „Прилеп“ се очекува најскоро да стартува проектот за изградба на уште еден објект на германската компанија „Акомпласт“.

 

Американската компанија ги стартуваше градежните работи на новиот објект на почетокот од декември 2015 година. Во првата фаза од зафатот е изграден погон со површина од 10.000 метри квадратни, подигнат на парцела од 38.000 метри квадратни. Во натамошните фази од реализацијата на инвестицијата се очекува американски „Гентерм“ да го прошири производството на површина од 21.500 метри квадратни.