Претходна статија
Градежниот институт „Македонија“ сака да ја купи фабриката „Карпош“
Следна статија
Македонските компании ќе го подобруваат управувањето со енергија со странска помош

Отворена Куќата на фудбалот

Објавено на 22.03.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Новата административна зграда и тренинг центарот на Фудбалската федерација на Македонија лоцирани покрај реката Вардар кај населбата Ново Лисиче во Скопје [»мапа], денеска беа свечено отворени во присуство на претседателот на УЕФА, Мишел Платини. На свеченоста присуствуваа и премиерот Никола Груевски, како и претседателот на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски. Комплексот наречен „Куќа на фудбалот“ започна да се реализира во март 2010, кога беше поставен камен темелник за четирите фудбалски терени, а изградбата на административниот објект кој ќе биде новото седиште на ФФМ започна во октомври 2011.

 

Зградата има вкупна корисна површина од 4.000 метри квадратни и во нејзе беа вложени околу четири милиони евра, средства во најголем дел обезбедени преку „Хет Трик“ програмата на УЕФА. Носител на градбата беше охридски „Ремис“, изградбата на конструкцијата ја реализираше „Масон Инженеринг“, а надзорот го вршеше „Балкан консалтинг“. „Ова што го гледам тука е прекрасна зграда, прекрасен центар на фудбалот, а кога ги гледам овие деца што играат тука, најсреќен сум од сите. Наша задача е да им помагаме на националните фудбалски асоцијации да ги привлекуваат младите фудбалери, а со изградбата на овој објект еден голем таков услов е исполнет“ истакна во своето обраќање Мишел Платини.

 

Државата преку Агенцијата за млади и спорт учествуваше во проектот со изградбата на четирите фудбалски игралишта во склоп на комплексот, во кои вложи 780 илјади евра. Два од терените се со природна трева, а два со вештачка трева. Планирана е изградба и на еден мал стадион за одигрување натпревари со капацитет за 3.000 гледачи, но засега нема конкретни најави за негова реализација. Проектот најпрвин беше предвиден во Општина Карпош, на простор во близина на салата „Борис Трајковски“, но поради имотно – правни проблеми е префрлен на сегашната локација.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект

 

 

###

###

###

###