Архитектонскиот факултет во Скопје од денес до 27 декември е домаќин на изложбата на современата полска архитектура. Во амфитеатарот на факултетот е поставена изложбата „ПОЛСКА. АРХИТЕКТУРА“, чие отворање беше пропратено со гостувањето на полската архитектка и архитектонска критичарка Ева Порембска. Како уредник на месечното списание „Architektura – Murator“, таа одржа воведно предавање на темата. Изложбата е организирана под покровителство на Амбасадата на Република Полска во Македонија.
На свеченото отворање присуствуваше амбасадорот на Полска во Македонија, Јацек Мултановски и деканот на Архитектонскиот факултет, Минас Бакалчев.