Претходна статија
Продолжуваат сплетките со ДУП-от за населбата Карпош 4
Следна статија
Булеварот „Партизански одреди“ ќе се проширува

Отворена фабриката на германски „Техникал Текстајлс“ во Штип

Објавено на 26.08.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Премиерот Никола Груевски и сопственикот на компанија „Техникал Текстајлс“ Јинс Вандланд денеска ја отворија новата фабрика на овој германски производител во ТИРЗ Штип. Во технолошко – индустриската зона во овој град во иднина ќе се произведуваат повеќе компоненти на фиберглас, кој има широка примена во градежната, авионската и автомобилската индустрија. Во индустрискиот капацитет кој има површина од 13.000 метри квадратни се вложени околу 15 милиони евра и во него веќе работат 100 луѓе, а во наредниот период треба да се отворат нови 1.000 работни места. Германската инвестиција е втора по ред во ТИРЗ Штип, по онаа на „Џонсон Контролс“.

 

* Извор на фотографија: Влада на Р.М.

 

Сопственикот на „Техникал Текстајлс“ Јинс Вандланд напомена дека новата фабрика започнале да ја градат минатата година и дека во рок од 14 месеци целосно е завршена. „Нашиот делокруг на работа се состои во производство на технички текстил од фиберглас влакна, кој често се користи во повеќе области како фасадната изолација за ветерници, бродската индустрија и други сектори“, истакна Вандланд.