Големиот словенечки трговски ланец Туш денес го пушти во употреба својот втор супермаркет во Велес и четврти во Македонија. Објектот се наоѓа во западниот дел на градот и располага со бруто површина од 2.700 метри квадратни и продажен простор од 1.500 метри квадратни. Супермаркетот вработува 32 лица, а нуди над 14.000 артикли. Покрај тоа во рамките на центарот функционира и аптека, продавница за електроника и бела техника, продавница за уредување на ентериер, како и игротека со кафуле. На купувачите на располагање им стои бесплатен паркинг со капацитет за 80 возила.
Туш веќе десет години по ред е најбрзорастечко претпријатие во Словенија, а забрзано се шири и во регионот. Во Македонија ги отвори вратите на своите први три супермаркети во Штип, Куманово и Велес во 2008 година. Во наредните пет години Туш планира да има вкупно 20 супермаркети во земјава и да биде застапен во сите поголеми градови. Моментално во тек е изградбата на маркет во Прилеп.
Галерија: