Претходна статија
ФФМ побара донација од УЕФА за реконструкција на пет стадиони
Следна статија
ЈСП објави нов тендер за воведување на електронски систем за наплата

Отворен трговскиот центар „Палма Мол“ во Тетово

Објавено на 30.04.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Најголемиот трговски центар во западна Македонија, тетовскиот „Палма Мол“ (Palma Mall), денеска беше и официјално отворен за посетителите. Објектот се простира на бруто изградена површина од 32.000 метри квадратни и има вкупно 90 локали со површина од 17.000 метри квадратни, распоредени на четири нивоа. Трговскиот центар се состои од голем број локали, меѓу кои бутици од интернационални, регионални и локални брендови, голем салон за бела техника „Палма Трејд“, фаст фуд корнер, ресторан, игротека, 7Д кино и други места за забава на граѓаните.  Во негов склоп е функционира и супермаркет на „Рамстор“ со површина од 2.200 метри квадратни.

 

Новото здание на сите посетители им нуди бесплатен подземен паркинг, кој има капацитет да прими 450 возила. „Палма Мол“ е лоциран на влезот на Тетово од страната на Скопје, во близина на фабриката за медицинска пластика [»мапа]. Со градежниот зафат е извршена надградба на веќе постоечкиот комерцијален објект, кој беше ставен во функција во 2006 година. Проектот го изработи „ДСЦ Дизајн“ од Скопје, а градежните работи ги изведе фирмата „Конструкциони“ од Тетово.

 

После „Скопје Сити Мол“ со 90.000 метри квадратни и „Веро Центар“ кој има површина од 40.000 метри квадратни, „Палма Мол“ со своите 32.000 метри квадратни е трет по големина помеѓу затворените трговски центри во Македонија.

 

###

###