Претходна статија
За седмина се намалил бројот на паркиралишта и гаражи во 2017 година
Следна статија
Продолжен рокот за преиспитување на ДУП-овите во општина Центар

Отворен спомен паркот на Никола Карев во Свиланово

Објавено на 27.04.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Со денешната промоција на новиот спомен парк на Никола Карев во месноста Свиланово, кај кочанското село Рајчани, беше одбележана 113 – годишнината од смртта на големиот македонски револуционер, идеолог и претседател на Крушевската Република. Со реализираниот проект на површина од околу 500 метри квадратни се изведе нов парк со поплочени пешачки патеки, летниковци и друга урбана опрема наменета за посетителите и осветлување на целокупниот простор. Спомен паркот вклучува и споменична плоча посветена на Никола Карев, која што претставува обележје на местото на неговото загинување пред 113 години.

 

*Извор на фотографија: Општина Кочани

 

Проектот е финансиран од националниот буџет преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2017 година од Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој со кофинансирање од општините Кочани и Чешиново – Облешево и вкупно чини 5.647.000 денари. Градежните работи ги изведе фирмата „Евроградба Инженеринг“ од струмичкото село Владиевци, додека надзорот над работите го вршеше „Венци Проект“ од Кочани.