Претходна статија
Делчево и Благоевград ќе користат европски финансии за обнова на уличното осветлување
Следна статија
Тетово ќе добие претоварната станица за отпад

Отворен Саемот за градежништво и Саемот за недвижности 2017

Објавено на 28.02.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

100 директни и 200 индиректни изложувачи од земјава и од странство се претставени во три изложбени хали на Скопскиот саем. Денеска започна 14-по ред Меѓународен саем за градежништво, градежни материјали и градежна механизација и на 7-то издание на “RealExpo” Меѓународниот саем за недвижности. Саемската манифестација е отворена за посетители секој работен ден до 4 март, во периодот од 10 до 19 часот. Посебен осврт годинава ќе биде ставен на енергетската ефикасност, овозможувајќи им на граѓаните да се запознаат со мерките и придобивките од воведувањето на енергетска заштеда во нивните домови.

 

 

На свеченото отворање на саемот се обрати директорот на Агенцијата за енергетика Александар Дуковски, кој рече дека во изминативе три години се донесени клучни измени во законите за градење и за енергетика во полза на енергетската ефикасност. „Енергетските контролори кои беа обучувани во изминатиот период, активно работат на енергетски пасоши, редовно вршат контроли и даваат препораки за заштеда на енергијата во домовите“ изјави Дуковски. Промоцијата на енергетската ефикасност е поддржана од Швајцарската амбасада во Македонија преку Програмата за зголемување на пазарната вработливост.

 

Покрај компаниите од градежниот сектор, на саемската манифестација ќе се претстават инвеститорите во станбени објекти и комерцијалните банки кои нудат станбени кредити за граѓаните. Во рамките на саемот, на 3 март ќе се одржи трибина на тема „Вредноста на македонската архитектура денес“.