Претходна статија
24-та Меѓународна летна школа за студенти по архитектура
Следна статија
Улицата „Јордан Мијалков“ реконструирана во должина од 550 метри, доби и сервисна лента со паркинг

Отворен новиот парк спроти „Мајчин дом“ во Аеродром

Објавено на 11.07.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Нови 2.319 метри квадратни уредена парковска површина добија жителите на општина Аеродром. Во денеска отворениот парк на аголот помеѓу улицата „Васко Карангелески“ и булеварот „Јане Сандански“ се задржани старите дрвја и дополнително е уредено ново зеленило, а паркот содржи и пешачки патеки, водени површини, фонтани и детско игралиште. Инвестираната сума изнесува околу 490.000 евра, обезбедени од општинскиот буџет.

 

извор: Општина Аеродромизвор: Општина Аеродромизвор: Општина Аеродромизвор: Општина Аеродром

 

 

Реализацијата на проектот започна во март годинава – работите ги изведуваше фирмата „Сандра Инженеринг“, а надзорот го вршеше „Евро Консалтинг“. „Со новиот парк не само што сакавме да создадеме уште едно пријатно катче за престој, туку и да ја продолжиме традицијата на унапредување и заштита на животната средина и на градење паркови во Аеродром, по кои стана препознатлива општината”, изјави на свеченото отворање градоначалникот на општина Аеродром, Ивица Коневски. На настанот присуствуваше и премиерот Никола Груевски.