Претходна статија
Поставени четири нови полначи за електрични автомобили во Скопје
Следна статија
Пониски цени на државното земјиште за изградба на објекти за групно домување

Отворен новиот објект на полициската станица „Ѓорче Петров“

Објавено на 20.12.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов, градоначалникот на општина Ѓорче Петров Александар Наумовски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска свечено го пуштија во употреба новиот објект на полициската станица „Ѓорче Петров“. Во своето обраќање, градоначалникот Шилегов ја потенцира важноста на денешниот настан, со кој полициската и противпожарната станица во Ѓорче Петров конечно го добија долго очекуваниот нов објект. Со површина од 1.400 метри квадратни, објектот опфаќа сутерен, приземје и два ката.

 

*Извор на фотографија: Град Скопје

 

Противпожарната бригада ќе има простор од околу 600 метри квадратни, каде што можат да се сместат три противпожарни возила и вработените од оваа бригада. Останатиот простор ќе биде наменет за полициската станица „Ѓорче Петров“. Во изградбата на овој објект се инвестирани 44 милиони денари. Министерот Оливер Спасовски изјави дека со новиот објект ќе се подобрат условите за работа на припадниците на полицијата.

 

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров најави дека општинските власти ќе изградат нов паркинг на местото на досегашните бараки на полициската станица, додека просторот кај некогашниот објект на противпожарната ќе биде преуреден во зеленило.