Претходна статија
Започна проектот за заштита на Маркови Кули - споменик на културата
Следна статија
Мерцедес еко автобус на пробно возење низ Скопје

Отворен новиот културен центар во Автокоманда

Објавено на 28.03.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Во населбата Автокоманда вчера беше свечено пуштен во употреба новиот културен центар „Димитар Влахов“. Објектот ќе функционира како културен дом, библиотека и најсовремено музичко студио за снимање на филмска музика на компанијата Феимс од Франција. Реализацијата на овој проект е резултат на јавно – приватно партнерство, коешто во декември 2015 година беше склучено помеѓу општина Гази Баба и француската компанија Феимс. Инвеститорот пред повеќе од две години ја купи парцелата на која што се наоѓаше некогашниот дотраен објект.

 

*Извор на фотографија: Општина Гази Баба

 

Француската компанија плати околу 25.000 евра за купување на градежната парцела, но и инвестираше 1,5 милиони евра за издигнување на новото културно здание. Музичкото студио на компанијата се простира на површина од 1.194 метри квадратни, додека преостанатиот простор од 543 метри квадратни ќе претставува културен центар во сопственост на општина Гази Баба.

 

Градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски се заблагодари на францускиот инвеститор за изградениот објект, посочувајќи дека децентрализацијата на културата во нашата земја почнала од неговата општина. Тој дополни дека во наредниот период ќе се направат обиди да се реконструираат уште два дома на културата по пат на јавно – приватно партнерство.