Претходна статија
Дивоградбите крај езерата и реките - жежок костен за партиите
Следна статија
Dokadek 30 - Еволуција на оплатните системи за плочи

Отворен нов трговски центар во Гостивар

Објавено на 27.08.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Извор: општина ГостиварКосовската фирма „Елкос груп“ денеска отвори нов трговски центар во Гостивар со површина од над 6.000 метри квадратни. Трговскиот центар е сместен во просториите на некогашната фабрика „Силика“ и во него е предвидено да се вработат околу 100 лица. Во проектот се инвестирани шест милиони евра, а инвеститорот најавува дека во земјава е подготвен да вложи вкупно 50 милиони евра. „Елкос груп“ во наредните 10 години планира во земјава да вработи околу 1.000 лица. Со нивната инвестиција Гостивар се здоби со трговски центар за продажба на прехранбени производи, играчки, облека и техника за домаќинството.

 

Фирмата „Елкос груп“ минатата година во Штип го отвори својот прв трговски центар во Македонија. Инвеститорот веќе има дваесетина вакви објекти во Косово и Албанија. Оттаму изјавуваат дека ги разгледуваат можностите за инвестирање и во откупен центар за зеленчук и овошје во Гостивар.