Претходна статија
Профункционира новиот кружен тек во Ѓорче Петров
Следна статија
Почна изградбата на катна гаража кај НУБ „Св. Климент Охридски“

Отворен монтажен паркинг во Ново Лисиче

Објавено на 27.05.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Монтажна паркинг платформа од челична конструкција со капацитет за 100 возила, денес беше пуштена во употреба во скопската населба Ново Лисиче, во близина на полициската станица. Реализацијата на проектот започна во декември минатата година и чинеше околу 20 милиони денари, средства обезбеденеи од буџетот на Општина Аеродром. Според градоначалникот на Општината, Ивица Коневски, се работи за добро решение на места со недостиг на паркинг простор, бидејќи станува збор за мала инвестиција, а се зачува зеленилото. Новиот паркинг граѓаните ќе можат бесплатно да го користат. Општината планира изградба на вакви платформи и на неколку други локации, во зависност од заинтересираноста на граѓаните.

 

 

###

###