Претходна статија
Стариот објект на Институтот за белодробни заболувања ќе се замени со нова зграда
Следна статија
„Зелената Арка“ работи на проектот „Едукативен истражувачки центар за пермакултура и одржлив развој“ во с.Серменин

Отворен хотелот „Гранд Плаза“ во Скопје

Објавено на 16.09.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Македонскиот главен град добива уште еден хотел во туристичката понуда. Викендов започна со работа вториот објект брендиран под името „ТЦЦ Гранд Плаза“ во населбата Тафталиџе, лоциран веднаш до станбениот комплекс „Македонија“. Според објавените информации од инвеститорот, новоизградениот хотел се простира на површина од 3.000 метри квадратни и во својата понуда за посетителите вклучува 50 соби, од кои 30 – тина се стандардни, 15 апартмани и 1 претседателски апартман. Зданието располага со фитнес и спа центар на површина од над 500 метри квадратни, како и адекватен простор за одржување на семинари, конференции и други манифестации.

 

 

Изградбата на новиот хотел започна во 2010 година, при што за негово целосно завршување беа потребни две години. Во проектот се вложени над шест милиони евра. Очекувањата се дека во објектот ќе се вработат 100 работници. Групацијата која стои зад „ТЦЦ Гранд Плаза“ веќе поседува еден хотел со идентично име во мултифункционалното четирикатно здание во центарот на Скопје, лоцирано во поранешната стоковна куќа „Скопјанка“. Како сопственик на отворениот хотел се јавува познатиот македонски бизнисмен Борис Стојменов.