Претходна статија
ОСВРТ: Ужасна неповрзаност на балканските метрополи
Следна статија
Ново одложување на реновирањето на Универзална сала

Отворен е за сообраќај патот Битола – Ресен

Објавено на 25.10.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Ѓавато Минатата недела заврши санацијата на 60-метарското свлечиште на магистралниот пат М-5, во делот помеѓу Битола и Ресен, во близина на планинскиот превој „Ѓавато“. Свлечиштето настана во февруари годинава, а му претходеа обилни врнежи кои предизвикаа презаситување на подлогата со влага. Градежните работи отпочнаа во јули и првично беше предвидено да траат до крајот на септември. На проектот беше ангажиран скопски „Бетон“, а Агенцијата за државни патишта за санацијата потроши 30.685.494 денари. Во меѓувреме сообраќајот кај оштетениот сегмент беше пренасочен по регионалниот пат Р-106.