Претходна статија
Студеничани со приватен партнер ќе го решава проблемот со водоснабдувањето
Следна статија
Со кредит од ЕБОР ќе се реконструираат 400 километри патишта во Македонија

Отстранетиот споменик на Ќосето доби билет во еден правец кон Сопиште

Објавено на 27.02.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Откако Градот Скопје минатата недела го отстрани споменикот на Андон Лазов Јанев – Ќосето, Општина Сопиште денеска донесе одлука со која бара од Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин да се согласи за отстапување на споменикот на нивната општина. Оваа одлука денеска ја донесе општинскиот совет во Сопиште, каде што мнозинството го прават советниците од ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите албански партнери. Општината предлага споменикот на Ќосето да се постави на самиот влез на Сопиште, кај кружниот тек од каде се одвојува патот за Сончев град.

 

 

Претседателот на општинскиот совет на Сопиште, Јане Мицевски изјави дека иницијативата за поставување на споменикот на Ќосето произлегува од самите жители на оваа општина. Од опозициската партија СДСМ сметаат дека е неприфатливо да се постави споменик на Ќосето на оваа локација. Советникот Сашко Стојановски вели дека Општина Сопиште работи со блокирана сметка, има финансиски потешкотии и не е прифатливо да се финансира изведбата на нов постамент за Ќосето. Дополнително, од СДСМ сметаат дека овој споменик ќе ја наруши мултиетничката средина во Сопиште и ќе предизвика дополнителни поделби помеѓу Македонците и Албанците.

 

Споменикот на Ќосето беше отстранет од пред Судската палата во Скопје од страна на градските власти. Општина Центар ја испита постапката за поставување на ова обележје во 2014 година и откри дека самиот споменик е дивоградба, по што издаде решение за неговото отстранување.