Претходна статија
Уставниот суд неодлучен за Малиот Ринг
Следна статија
БЛИЦ ВЕСТ: Почеток на изведбата на жичарницата на Водно

Откупени четири трудови за општинска зграда на Општина Центар

Објавено на 30.04.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Четирите откупени трудовиВчера се произјасни комисијата за избор на идејно архитектонско-урбанистичко решение на комплексот за општинска зграда на Општина Центар. На конкурсот кој беше објавен на 15.12.2009 пристигнаа девет трудови и сите влегоа во конкуренција со оглед на тоа што во целост ја испочитувале конкурсната задача. Низ 4 седници и 5 индивидуални разгледувања комисијата дојде до одлука да не додели прва награда и да откупи четири трудови. Откупените трудови се на авторите М-р Слободан Велевски д.и.а и М-р Марија Мано Велевска д.и.а за конкурсниот труд со шифра ФОЛИе, Миодраг Радоњиќ-Бато д.и.а и Ранчо Христов д.и.а за конкурсниот труд со шифра МОТИВ, Звонко Тасевски д.и.а и Ирина Бојаџиевска д.и.а за конкурсниот труд со шифра МИРАЖ и Драги Зафиров д.и.а и Владимир Арсовски д.и.а за конкурсниот труд со шифра 61125.


Објектот е предвиден на локацијата на старите општински бараки. За општината да ги покрие финансиските трошоци, тој нема да биде исклучиво административен, туку ќе содржи и деловен простор. Се најавуват две опции за изградба. Првата е земјиштето да биде доделено на приватен инвеститор кој ќе го изгради објектот и дел ќе отстапи на општината, а втората е општината сама да го изгради и потоа да го продава или издава деловниот простор.




Форумска дискусија за овој проект » овде