Претходна статија
На плоштадот „Македонија“ ќе се врати некогашната коцка и ќе се гради нова фонтана
Следна статија
Распишан тендерот за изградба на булеварот Трета Македонска Бригада

Откриен споменикот „Прилепски бранители“

Објавено на 08.08.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

По повод одбележувањето на денот на загинувањето на 10-те прилепски бранители кај месноста Карпалак во 2001 година, денеска во Прилеп беше откриен споменикот „Прилепски бранители“. Футуристичкото спомен – обележје е поставено на новиот кружен тек, на вкрстувањето на булеварот „Гоце Делчев“ со улицата „Димо Наредникот“ во центарот на градот. Паметникот е со висина од 15 метри, изработен е од челик и ја симболизира вечноста на борбениот дух на загинатите бранители за татковината. Впечатливоста на споменикот ќе доаѓа до израз во вечерните часови преку специјалното осветлување, кое во временски интервали ќе ја менува бојата. Прилепската локалната самоуправа во изминативе седум месеци работеше на реализацијата на овој паметник, кој се изгради со финансиски средства од локалниот буџет.

 

 

 

Споменикот „Прилепски бранители“ е второ обележје на загинатите бранители од 2001 година во градот под Марковите кули. Во мај 2011 година беше откриен споменикот „Карпалак“, кој исто така беше реализиран од страна на општина Прилеп.