Претходна статија
Придобивки од греењето на пелети
Следна статија
Блокот Б од студентскиот дом „Гоце Делчев“ наскоро ќе биде вселив

Осветена црквата „Света Петка“ во Прилеп

Објавено на 24.10.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Шест години откако беа поставени темелите, црквата „Света Петка“ во прилепската населба Точила денеска беше осветена. Со чинот на осветување чиноначалствуваше Митрополитот Преспанско – пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски г-дин Петар, по што се одржа и свечена литургија. На денешниот настан присуствуваше прилепскиот градоначалник Марјан Ристески, кој посочи дека градот добива нов црковен храм по повеќе од 100 години. Верското здание се градеше со донации од бизнисмени, граѓани и од институции.

 

* Извор на фотографија: Општина Прилеп

 

 

Во изминативе шест години беше завршена црквата како средишен објект, додека камбанаријата е 80% комплетирана. Догодина ќе се доуреди просторот околу црквата и административните простории. Внатрешноста во црквата е фрескоживописана, и тоа олтарскиот дел и двете кубиња. Иконостасот и олтарскиот дел се изработени од мермер. Црквата „Света Петка“ е изведена во византиско – црковен архитектонски стил. Темелите на објектот беа поставени на почетокот од јуни 2009 година.