Претходна статија
Половина милион евра за нова "барокна" фасада на улица „Македонија“
Следна статија
Прв домашен инвеститор во индустриската зона Бунарџик

Основните училишта во Карпош ќе се греат со геотермални пумпи

Објавено на 17.02.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Општина Карпош продолжува со проектот за воведување на сопствено греење во основните училишта лоцирани на нејзината територија. Градоначалникот Стевчо Јакимовски денес го промовираше системот за топлификација во основното училиште „Вера Циривири Трена“, како шеста училишна установа во која се изведени геотермални пумпи за загревање на просториите. Како обновлив извор на енергија, со користењето на геотермалната енергија ќе се подобри еколошката состојба во скопската општина Карпош, но истовремено и ќе се заштеди на сметките за топлификација во училиштата.

 

* Извор на фотографија: Општина Карпош

 

 

Градоначалникот на Карпош посочи дека во сите училишта е извршена реконструкција и поставување на термо фасади и нови прозорци, со што потрошувачката на енергија е намалена за дури 60%. „Инвестицијата во грејниот систем во ООУ „Вера Циривири Трена“ ја чини локалната самоуправа 4.500.000 денари и според нашите калкулации, очекуваме да ја повратиме за само три години. Од друга страна, општина Карпош, како голем потрошувач на електрична енергија, веројатно од 1 јуни ќе има право самата да се снабдува на пазарот. Во тој случај, трошоците за електрична енергија во училиштата и сите објекти што ги има локалната самоуправа ќе паднат за три пати“, вели градоначалникот Јакимовски.

 

Со имплементацијата на енергетскиот проект се очекува овој образовен објект годишно да троши за греење од седум до осум илјади евра.