Прилепската компанија „Теракота инженеринг“ ќе ги санира спортските сали на основните училишта во општина Аеродром. Локалната власт потпиша договор, врз основа на кој е предвидено во наредните 12 месеци да се реконструираат салите во училиштата „Блаже Конески“, „Браќа Миладиновци“, „Димитар Македонски“, „Ѓорѓија Пулевски“, „Лазо Ангеловски“ и „Љубен Лапе“. Со зафатот ќе се санираат покривите, ќе се промени внатрешната столарија, ќе се реновираат санитарните јазли, ќе се заменат подовите и плочките, ќе се малтерисаат ѕидовите и таваните, ќе се обнови постоечката инсталација и ќе се постави греење и проветрување во објектите. Вредноста на овој проект изнесува 25.061.654 денари или околу 400.000 евра, финансиски средства обезбедени од буџетот на општината.
Локалната самоуправа од Аеродром успеа во текот на минатата година да ги реконструира училишните згради. Со претстојниот зафат за санација на спортските сали, сите основни училишта на територијата на општината ќе бидат целосно модернизирани.