Претходна статија
550 илјади евра за Кружен тек кај Железара
Следна статија
Во април е намален бројот на предвидени станови за градење

„Орка Холдинг“ донира пешачки мост кај болницата Систина

Објавено на 08.06.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Започна изградбата на нов пешачки мост што ќе ја премости реката Вардар кај клиничкиот центар „Аџибадем Систина“ во скопската општина Карпош. Инфраструктурниот објект со должина од 115 метри и ширина од 3,5 метри е донација на „Орка Холдинг“ и во неговата реализација ќе бидат вложени 700.000 евра. Пешачкиот мост ќе ја поврзе десната страна од реката со здравствениот објект и со тоа ќе го олесни движењето на граѓаните. Изведувач на градежните работи е фирмата „Бетон“ од Штип, која треба да го комплетира проектот до претстојната есен.

 

 

 

Mостот ќе биде поставен на два бетонски столба и ќе биде изработен од челична конструкција, со алуминиумски панели во боја како завршна обработка, а ќе биде украсен со иноксни сајли. Илуминацијата ќе биде изведена со помош на специјални светлосни ефекти. Автор на идејното решение за пешачкиот мост е архитектот Мето Стојчески, додека главниот проект го изработи студиото „Стоун дизајн“ од Скопје.