Целосно обновена и конзервирана црквата „Св. Пророк Илија“ во Дојран
Заврши обновата и конзервацијата на црквата „Св. Пророк Илија“ во Дојран. Со поддршка од Министерството за култура, во изминатиов период се одвиваше целокупниот зафат поделен во шест фази. Најпрвин беше направена конзервација на оригинално зачуваните делови од подната покривка на црквата и реставрација на партиите што недостигаат, по што беше целосно оформен подот на црквата.