Град Скопје ќе гради нов булевар со мост меѓу Скопски саем и хотел Русија
Скопскиот градоначалник Петре Шилегов на денешната прес-конференција најави изградба на нов булевар со мост преку реката Вардар. Новата сообраќајница ќе го поврзе булеварот АСНОМ кај хотел Русија, преку Вардар, низ населбата Ќерамидница, сѐ до крстосницата кај скопскиот саем. „Од Ново Лисиче до Саем или од Автокоманда до ТЦ Бисер со автомобил ќе се стигнува за само 5 минути.