Почна изградбата на мини обиколница на Штип и нов мост на Брегалница
Во Штип денеска стартуваше изградбата на мини обиколница и нов мост на реката Брегалница. Инфраструктурниот проект треба да ги поврзе периферните населби на градот со индустриската зона, а инвестицијата е во висина од 36,5 милиони денари. Со изведбата на сообраќајницата ќе се формира нова обиколница што ќе минува од населбата „Сењак“ до индустриската зона.