Претходна статија
Законот за просторно и урбанистичко планирање претворен во салата!
Следна статија
Ниту новите возови не донесоа повеќе патници и стока за железницата

Автопатот Демир Капија – Смоквица ќе доцни девет месеци

Објавено на 25.08.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Наместо да биде пуштена во употреба деновиве, автопатската делница Демир Капија – Смоквица треба да биде отворена за сообраќај дури во мај 2017 година. Претседателот на ВМРО-ДППМНЕ Никола Груевски денеска го посети градилиштето на оваа делница, но не објасни поради кои причини ќе доцни проектот. Во придружба на министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, тие дадоа информации за дел од медиумите присутни на терен. Тие посочиле дека 85% од градежните работи се завршени, но и дека до почетокот на 2017 година треба да заврши асфалтирањето на трасата со должина од 28,2 километри.

 

Наспроти денешните податоци објавени од државната власт, пред само една година „Билд“ направи репортажа од автопатот Демир Капија – Смоквица. Тогашните информации од грчката компанија „Актор“ беа дека градежните работи ќе бидат завршени до септември 2016 година, но и дека до јули 2015 година се завршени околу 75% од севкупните работи. Идентичниот датум – септември 2016 година беше ветен и при поставувањето камен-темелник за инфраструктурниот проект на 8 септември 2012 година. Засега не постојат никакви информации кој ќе биде одговорен за доцнењето на овој проект од речиси девет месеци.

 

 

 

Автопатот Демир Капија – Смоквица е инвестиција вредна 257 милиони евра, за која се обезбедени средства преку Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка и грант од ИПА фондовите на ЕУ. Проектот вклучува изградба на две сообраќајни ленти во секоја насока, два тунели со должина од 1.200 метри и шест мостови. Новиот патен правец ќе има две клучки, пет надвозници и седум подвозници.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk