ФОТО ВЕСТ: „Барокизацијата“ на фасадите прекината, тарабите и скелињата останаа во центарот на Скопје
Неколку месеци по стопирањето на изведбата на „барокните“ фасади во центарот на Скопје, тарабите и скелињата од некогашните градилишта и понатаму го окупираат јавниот простор наменет за движење на граѓаните. Пешачките зони на улиците „Македонија“, „Димитрие Чуповски“ и „11 Октомври“ се оградени, а граѓаните не можат да се разминат на овие фреквентни локации.