Се изготвува проект за реконструкција на автопатот Катланово – Петровец
Јавното претпријатие за државни патишта деновиве го објави тендерот за избор на проектантска куќа што ќе ја подготви документацијата за реконструкција на делницата Катланово – Петровец, како составен дел од автопатот меѓу Скопје и Велес. Трасата со идниот проект ќе се доведе до ниво на стандарден автопат, при што ќе се рехабилитираат коловозните ленти.