Изложбата „Иднината како проект/Доксијадис во Скопје“ во музејот Бенаки во Атина
Во атинскиот музеј Бенаки вечерва беше отворена изложбата „Иднината како проект/Доксијадис во Скопје“, со која за прв пат пред грчката јавност се претставува темата за постземјотресната обнова на Скопје и за улогата на познатиот грчки планер на градови, Константинос А. Доксијадис. Изложбената поставка е подготвена од кураторскиот тим Калиопи Амигдалу, Ана Ивановска Дескова, Јован