24 милиони денари за изградба на претоварна станица на струшката депонија
Општина Струга ќе издвои 24 милиони денари за да го реши проблемот со натрупаниот отпад на струшката депонија. Во период од 12 месеци, трите скопски фирми „Карпош АД“, „Техникс“ и „Уни Стил Ком“ се должни да ја изградат претоварната станица за комунален отпад, која што ќе има капацитет да обработи 45 тони на час.