Претходна статија
МЕПСО набавува нов систем за мониторинг на преносот на електрична енергија
Следна статија
Годинава ќе започне уредувањето на коритото на река Серава во Бутел

Британска компанија сака да инвестира во депонијата Русино

Објавено на 17.07.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Британската компанија „Ватерло Хестингс Енерџи“ е заинтересирана да инвестира во модернизација и опремување на регионалната депонија Русино. Гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари и директорот на оваа фирма денеска потпишаа меморандум за соработка, со кој се отвора патот за воспоставување на јавно – приватно партнерство за рециклирање на отпадот од оваа депонија и за третман и заштита на отпадните води. Градоначалникот Таравари се надева дека на почетокот на септември ќе се потпише договорот за јавно – приватно партнерство, при што британскиот инвеститор би ги обезбедил средствата неопходни за модернизација на регионалната депонија.

 

 

Депонијата Русино претставува регионална депонија за Полошкиот регион, за која со години наназад се бара инвеститор за изградба на фабрика за рециклирање и преработка на отпадот. Швајцарија во ноември минатата година обезбеди 1,9 милиони швајцарски франци во форма на техничка и финансиска помош за обнова и стандардизирање на регионалната депонија Русино.

 

Македонската влада во март годинава информираше дека ќе се обезбедат средства за отворање на четири регионални депонии преку европските ИПА фондови и заштедените средства од неизградениот карго аеродром во Штип. Во изминативе години единствен договор за изградба на регионална депонија беше потпишан од Градот Скопје за депонијата Дрисла, но ваквиот чекор го следеа низа скандали и обвинувања за криминал.