Напролет реконструкција на улицата „Димитрија Чуповски“
Градот Скопје денеска објави тендерска постапка за избор на изведувач што ќе ја реконструира улицата „Димитрија Чуповски“, на потегот од раскрсницата со булевар „Климент Охридски“ до раскрсницата со булевар „ВМРО“. Проектот ќе опфати санација на коловозот на оваа прометна скопска сообраќајница, за што е проценето дека ќе се потрошат над 6 милиони денари од