Претходна статија
Нов ургентен центар ќе се гради во Куманово
Следна статија
Се реконструира улицата „Орце Николов“ во Центар

Општинската зграда на Ѓорче Петров остана на темели

Објавено на 27.07.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

По повеќе од две години од потпишувањето на договорот за јавно – приватно партнерство, новата општинска зграда на Ѓорче Петров е во почетна фаза од изградбата. Досега се изведени единствено темелите и дел од конструкцијата на подземните простории на идниот објект со најавена вредност од 12 милиони евра. Административната зграда треба да биде завршена до крајот на јуни 2016 година, што ќе претставува речиси невозможна мисија, судејќи според постоечката состојба во која таа се наоѓа.

 

####

 

 

Локалната самоуправа пред повеќе од еден месец информираше дека изведувачот АД „Карпош“ периодов работи на финализирање на хидроизолациската подлога и на армирање на темелната плоча. Истовремено, тие информираа дека во почетната фаза се појавиле непредвидени проблеми што произлегле од испумпување на подземна вода.

 

Инвеститор на општинската зграда во Ѓорче Петров е фирмата „Трансмет“ од Скопје, која со сопствени средства треба да го издигне зданието на пет ката и подземен паркинг на две нивоа со капацитет од 350 паркинг места. Од целокупната површина, општина Ѓорче Петров ќе се стекне во владение со површина од 3.600 метри квадратни, додека преостанатиот простор ќе му припадне на концесионерот за оформување на комплексот „Емпорио бизнис центар“.

 

Важниот проект за оваа скопска општина се одолговлекува со реализација повеќе од една деценија. Истиот започна во 2005 година со изборот на првично идејно решение за нова административна зграда.

 

 

 

Текст, фото: Бојан Блажевски