По реакциите на граѓаните за тоа што се случува на просторот помеѓу Скопското Кале и Музејот на современа уметност, овластен градежен инспектор на општина Центар со полициска придружба денеска го затвори нелегалното градилиште во населбата Кале. Во текот на вчерашниот ден е донесено решение за отстранување на повеќе градби – потпорни ѕидови, оградни ѕидови, помошни објекти и доградба. Општинарите информираат дека инвеститорот гради огромен објект без никаква документација и на незаконски начин, со што зафаќа и дел од строго заштитената зона за градење, односно тврдината Кале.
*Извор на фотографии: Општина Центар
„На инвеститорот на градбата од страна на општината му беше наложено веднаш да престане со градење и да ги отстрани дивоградбите. Откако тој не го стори истото, овластениот градежен инспектор го затвори градилиштето“ информираат од општина Центар.