Претходна статија
Архитектонски конкурси за идејни решенија за две градинки во Бутел
Следна статија
Одбележани 69 години од основањето на Градежниот факултет

Општина Велес во подготовка на проектот за гасификација на градот

Објавено на 08.10.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Велешката локална самоуправа објави оглас за избор на проектант на инфраструктурниот проект и на основниот проект, со вклучена ревизија, за изградба на примарната и секундарна дистрибутивна гасоводна мрежа во Велес. Општинските власти предвидуваат изработка на проект за должина на гасоводните цевки од 19,3 километри, при што проектирањето ќе се врши сукцесивно, врз основа на потребите на одредени делови од градот. Во овогодинешниот буџет на Општина Велес се издвоени 3,8 милиони денари за изработка на проектната документација.

 

 

Заинтересираните компании имаат рок до 24 октомври за да ги достават понудите за учество на распишаниот тендер. По изборот на најповолен понудувач, проектантите ќе имаат рок од 6 месеци за да ги изготват инфраструктурниот и основниот проект за гасификација на Велес, вклучувајќи ја и неопходната ревизија на проектната документација. Доколку постапката се одвива во согласност со предвидената динамика, Велес најдоцна до средината на 2019 година би имал подготвена документација за почеток на гасификацијата на градот.