Претходна статија
Првата финансиска зона ќе се гради во скопската касарна Илинден
Следна статија
Распишан тендер за ентериерно уредување на палатата „Панко Брашнаров“

Општина Велес продаде 13 градежни парцели

Објавено на 26.01.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Мотели ќе се градат на крајбрежјето на велешкото езеро „Младост“, а фабрики во индустриската зона Речани 2. Општина Велес успешно го заокружи електронското јавно наддавање на градежно земјиште, при што беа продадени четири парцели покрај вештачкото езеро и дополнителни девет локации за изведба на индустриски објекти. Велешкиот градоначалник Славчо Чадиев денеска изјави дека само од продажбата на места за градење во индустриската зона Речани 2 во локалниот буџет ќе се инкасираат 16.194.539 денари. Највисоката продажна цена за една парцела изнесуваше 651 денари за метар квадратен.

 

Што се однесува до објектите за развој на туризмот кај езерото „Младост“, сите четири парцели на кои е предвидено тие да се подигнат се продадоа по цена 313 денари за метар квадратен. Од локалната самоуправа велат дека нивната реализација ќе ја зголеми туристичка понуда во велешкиот регион и ќе овозможи развој на ловен, риболовен и транзитен туризам. Општина Велес на крајот на декември огласи за отуѓување 16 градежни парцели на споменатите две локации, со вкупна површина од 61.730 метри квадратни.