Сите 48 градежни парцели од индустриската зона „Раброво“, лоцирана во близина на Валандово, се веќе продадени, а дел од фирмите ја завршија изградбата на своите фабрики и успешно функционираат. Покрај индустриските погони од текстилната индустрија, веќе е најавено и производство на соларна енергија од страна на приватни инвеститори, кои веќе инсталираа соларни панели за производство на два мегавати електрична енергија на годишно ниво, соопштуваат од општина Валандово. Неодамнешните проценки на локалните власти говорат дека само по основа на реализираните градежни активности во индустриската зона се очекува да влезат 15 милиони евра.
*Фото: Архива на „Билд“
Од општина Валандово преземаат активности за натамошно привлекување на нови инвеститори кои би отвориле дополнителни работни места. Во моментов во фаза на изработка е урбанистичкиот план за нова индустриска зона кај селото Јосифово. На заинтересираните инвеститори ќе им бидат понудени седум парцели за изградба на индустриски објекти на локација која што се наоѓа во близина на автопатот од паневропскиот Коридор 10.