Претходна статија
МЕПСО ќе гради нов далекувод од Штип до Пробиштип
Следна статија
Ќе ја добие ли Македонија првата приватна ветерна електрана?

Општина Центар објави мораториум за урбанистичките планови на нејзина територија

Објавено на 29.12.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Советот на општина Центар донесе одлука за запирање на спроведувањето на 31 Детален урбанистички план за подрачјето на општината. Оваа одлука е донесена на предлог на градоначалникот Саша Богдановиќ и ќе трае два месеци. „Урбанистичко планската документација за овие ДУП-ови не е во согласност со Генералниот урбанистички план. ДУП-овите се стари и планскиот период за кој се донесени е изминат. Запирањето на спроведување на ДУП-овите според параметрите на УНДП, ќе влијае врз загадувањето кое, според нивните истражувања, ќе се намали за 22 до 25 проценти“ изјави градоначалникот Богдановиќ.

 

 

При донесување на голем дел од овие ДУП-ови, кои се носени во доцните ноќни часови, не е изготвен извештај за стручната расправа и јавна анкета. Како што стои во образложението на градоначалникот, рационалното уредување, условите за хумано живеење, надминувањето на урбаните бариери на лица со попреченост, заштитата и унапредувањето на животната средина, а особено вклучувањето на јавноста во постапката за донесување и спроведување на планската документација ќе бидат основни принципи по кои ќе постапува општина Центар при изготвувањето на новите Детални урбанистички планови.